Thumbnail Image

Водич за Зелениот климатски фонд во Северна Македонија











​ФАО. 2019. Водич за Зелениот климатски фонд во Северна Македонија. Будимпешта. 


Also available in:

Related items

Showing items related by metadata.

  • Thumbnail Image
    Book (stand-alone)
    Прирачник за работата на Националниот назначен орган за соработка со Зелениот климатски фонд 2019
    Also available in:

    Овој Прирачник за работата на Националниот назначен орган за соработка со Зелениот климатски фонд во Северна Македонија беше подготвен од Регионалната канцеларија на ФАО за Европа и Централна Азија, под раководство на Кабинетот на заменикот претседател на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските сектори, во улога на Национален назначен орган за Зелениот климатски фонд (ЗКФ). Прирачникот содржи насоки за националниот назначен орган (ННО) за соработка со Фондот, со цел да овозможи спроведување активности поврзани со климатските промени во Северна Македонија. Прирачникот содржи основни информации за пристап до ЗКФ, за процесите на Фондот, за областите во кои може да се инвестира и под кои услови. Исто така ја објаснува улогата на ННО, целта на националниот механизам за координација и одговорностите на неговите членови. Прирачникот исто така чекор по чекор ги објаснува процедурата „Без-приговор“ и програмирањето за државата.
  • Thumbnail Image
    Brochure, flyer, fact-sheet
    Процедура „Без-приговор“ за проектите поддржани од Зелениот климатски фонд во Република Северна Македонија – Информативен леток 2019
    Also available in:

    Зелениот климатски фонд (ЗКФ) е нов глобален фонд воспоставен од државите-страни на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени (УНФЦЦЦ) со цел да се поддржат земјите во развој да одговорат на предизвикот што го носат климатските промени. ЗКФ има цел да поддржи промена на парадигмата кон развој со ниски емисии и климатска отпорност, земајќи ги предвид потребите на државите кои се особено ранливи пред влијанијата на климатските промени. Начелото на сопственост на државата е во суштината на активностите кои Зелениот климатски фонд ги спроведува во земјите во развој. Фондот верува дека сопственоста на државата е постојан процес, и дека Националниот назначен орган (ННО) има главна улога при поттикнување на институционален развој и ангажираност на засегнатите страни за воспоставување на ефективен механизам за решавање на прашањата поврзани со климата. Овој информативен леток е заеднички развиен од страна на Кабинетот на Заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, во улога на ННО за ЗКФ и ФАО во рамки на проектот “Поддршка за управување со ефективен национален координативен механизам за Зелениот климатски фонд”. Тој има за цел да ги информира националните засегнати страни во Северна Македонија, за клучните аспекти на начелото на ЗКФ за сопственост на државата, циклусот за одобрување на проекти за ЗКФ и процедурата „Без-приговор“ во Северна Македонија која ја спроведува ННО за да осигури дека финансирањето преку ЗКФ ќе биде ќе биде транспарентно, во согласност со националните климатски приоритети, стратегии, планови, закони и регулативи, потекнува од земјата, е ефикасно и ги вкучува сите.
  • Thumbnail Image
    Newsletter
    Северна Македонија и Зелениот климатски фонд Проектен билтен 2019
    Also available in:

    Овој билтен е заеднички развиен од страна на Кабинетот на Заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, во улога на Национален назначен орган за Зелениот климатски фонд и ФАО во рамки на проектот “Поддршка за управување со ефективен национален координативен механизам за Зелениот климатски фонд”. Тој има за цел да ги информира клучните национални засегнати страни (национални институции, владини агенции, приватниот сектор, граѓанското општество, академијата, меѓународните организации) во Република Северна Македонија, за актуелните настани во спроведувањето на проектот и најновите активности во врска со ЗКФ на национално ниво во согласност со националните приоритети и други тековни иницијативи за климатски промени. Билтенот информира за новости во врска со приоритетите, постапките, ресурсите, консултациите, вестите и настаните во Република Северна Македонија поврзани со ЗКФ.

Users also downloaded

Showing related downloaded files

No results found.