Фотографии
Консултации со земјоделците во Чифлик, Северна Македонија
21/02/2024
ЕУ-ФАО Проектот „Унапредување на консолидацијата на земјиштето во Северна Македонија“ им помага на земјоделците во селото Чифлик да се справат со расцепканоста на земјоделското земјиште, малата површина на земјоделските стопанства и недоволната земјоделска инфраструктура, активно вклучувајќи ги сите 404 земјоделски сопственици во процесот на донесување одлуки за консолидацијата на земјиштето.
Надградба на земјоделската инфраструктура во Дабјани, Северна Македонија
10/02/2024
Во селото Дабјани (Општина Долнени), ЕУ-ФАО проектот „Унапредување на консолидацијата на земјиштето во Северна Македонија“ поддржува подобрување на земјоделската инфраструктура, со фокус на рехабилитација на постојните пристапни патишта и изградба на нови, со главна цел да се подобри транспортот и пристапноста до земјоделските површини.
Консолидационо подрачје Чифлик, Северна Македонија - моментална состојба
21/06/2023
Во с. Чифлик (Општина Чешиново-Облешево), ЕУ-ФАО проектот „Унапредување на консолидацијата на земјиштето во Северна Македонија“ го помага планирањето на распределбата на земјиштето и подобрувањата на земјоделската инфраструктура, вклучувајќи рехабилитација на постојните и изградба на нови пристапни патишта и одводни канали за 156 ха земјоделско земјиште, во корист на 404 сопственици на земјиште.
Стартување на нов проект на Европската унија и ФАО за консолидација на земјиштето
02/11/2022
Свечено отворање на проектот финансиран од ЕУ „Унапредување на консолидацијата на земјиштето во Северна Македонија“ и одбележување на достигнувањата на ЕУ-ФАО проектот „Воведување на Националната програма за консолидација на земјиштето“ (МАИНЛАНД)
Претходна поддршка од ЕУ-ФАО за консолидација на земјиштето во Северна Македонија (2017-2022)
01/06/2023
Фотографии кои го прикажуваат трансформативното влијание на консолидацијата на земјиштето, постигнато преку ЕУ-ФАО проектот МАИНЛАНД во Северна Македонија.