Унапредување на консолидацијата на земјиште во Северна Македонија

card alt EU logo

Тим и структура на проектот

PSC meeting - land consolidation in North Macedonia

Со поддршка од Европската Унија и ФАО, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) го предводи спроведувањето на Националната Програма за консолидација на земјиштето. Како главен координатор на проектот, МЗШВ тесно соработува со проектниот тим на ФАО, со заедничка работа на развојот на политики и теренска имплементација на консолидацијата на земјиштето.


Регионалната канцеларија на ФАО за Европа и Централна Азија обезбедува севкупен надзор и административна поддршка.

Специјализирани приватни компании ќе бидат ангажирани за спроведување на одредени задачи, како што се проектирање, изградба и надзор на изградбата на земјоделска инфраструктура и планирање на распределба на земјиштето во консолидационите подрачја.

Постојана советодавна група беше формирана во февруари 2023 година со цел да обезбеди редовни дискусии за политики и долгорочна одржливост на напорите за консолидација на земјиштето во Северна Македонија.

Насочувачкиот комитет на проектот го следи напредокот и ја поттикнува соработката помеѓу сите институции вклучени во активностите за консолидација на земјиштето.

Институционална поставеност на проектот

IPA Team structure-MK

Насочувачкиот комитет на проектот

Претставници од:

  • Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
  • Делегација на Европската Унија во Северна Македонија
  • Организација за храна и земјоделство при ООН (Виш службеник за теренски програми на ФАО/Носител на буџети; Службеник за управување со земјиште/главен технички службеник - Регионална канцеларија на ФАО за Европа и Централна Азија, и Национален тим лидер - ФАО Северна Македонија)
  • Агенција за катастар на недвижности
  • Национална федерација на фармери
  • Општина Долнени
  • Општина Чешиново-Облешево

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (Координатор на проектот)

  • Адријана Лаброска, Раководител на Сектор за консолидација на земјоделско земјиште, размена и идентификација на земјишни парцели, Претседавач на Насочувачкиот комитет на проектот

Организација за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО)

Меѓународни технички службеници и експерти на ФАО

  • Горан Ставрик, Виш службеник за теренски програми на ФАО/Носител на буџети
  • Мортен Хартвигсен, Службеник за управување со земјиште/главен технички службеник
  • Максим Горган, Службеник за управување со земјиште
  • Татјана Дедиќ, Специјалист за управување со програми и проекти
  • Маргрет Видар, Правен службеник
  • Викторија Калинин, Службеник за комуникација
  • Доно Абдуразакова, Виш советник за родови прашања и социјална заштита/Специјалист за интеграција на родовите прашања
  • Анна Јендереџијан, Специјалист за интеграција на родовите прашања и социјална заштита
  • Махер Салман, Виш службеник за земјиште и води/ Тим лидер за управување со води во земјоделството

Национален проектен тим на ФАО

  • Владимир Христов, Национален тим лидер
  • Димче Дамјановски, Национален координатор за теренски работи
  • Даниела Бужаровска, Национален специјалист за институционален развој
  • Љупка Глигорова, Национален специјалист за финансии и администрација
  • Радмила Славкова, Национален специјалист по комуникации
  • Ѓорги Ѓоргиев, Национален специјалист за администрирање со земјиште
  • Наташа Малијанска - Андреевска, Национален специјалист за администрирање со земјиште
  • Николче Панев, Национален градежен инженер
  • Бојан Борисов, Ад-хок локален консултант за консолидација на земјиште

 

Постојана советодавна група за консолидација на земјиште

Претставници од:

  • Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
  • Министерство за животна средина и просторно планирање
  • Министерство за транспорт и врски
  • Агенција за катастар на недвижности
  • Агенција за потикнување и развој на земјоделството
  • Градежен факултет – Скопје
  • Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје
  • Комората на трговци поединци овласти геодети и трговски друштва за геодетски оперативни работи
  • Комора на овластени архитекти и овластени инженери
  • Заедница на единиците на локалната самоуправа на Северна Македонија
  • Национална федерација на фармери
  • Македонска асоцијација на земјоделски задруги
  • Здружение на граѓани ‘’Милиеуконтакт Македонија’’