Унапредување на консолидацијата на земјиште во Северна Македонија

card alt EU logo

Од 2017 година, Европската унија и ФАО му помагаат на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Северна Македонија во справувањето со расцепканоста на земјоделското земјиште, малите земјоделски стопанства и несоодветната земјоделска инфраструктура, што го попречува развојот на земјоделството.

 

Преку претходниот проект на Европската унија и ФАО - МЕИНЛЕНД (2017-2022), Националната Програма за консолидација на земјиштето стана целосно оперативна, а беа имплементирани и првите консолидациони постапки на терен. Ова ги постави основите за понатамошен напредок. За повеќе детали за претходните активности кликнете овде.

 

Од 2022 година, напорите за консолидација на земјиштето во државата дополнително се унапредуваат преку проектот на Европската унија и ФАО „Унапредување на консолидацијата на земјиштето во Северна Македонија“. Прочитајте повеќе детали за проектот овде.

ДЕТАЛИ ЗА ПРОЕКТОТ

Проектни кодови:

  • GCP/MCD/008/EC
  • TCP/MCD/3901

Буџет:

  • ЕУР 1 000 000 (Европска унија)
  • EУР 200 000 (ФАО)

Времетраење:

  • Август 2022 - јануари 2026

Држава: Република Северна Македонија

Релевантни публикации поврзани со консолидација на земјиште
2023

Оваа публикација ги презентира научените лекции од спроведувањето на програмата за консолидација на земјиштето во Северна Македонија во периодот од 2014 до 2023 година. Целта е да се споделат овие искуства со надеж дека ќе бидат корисни за други земји во Европа, Централна Азија и пошироко, особено во контекст на слични иницијативи за управување со земјиштето, како што се консолидација на земјиштето и земјишно банкарство.

2022

Земјишното банкарство во Западна Европа го поддржува земјоделството и руралниот развој, во насока на решавање на структурните проблеми со земјиштето. Овој инструмент е усогласен со консолидацијата на земјиштето, опслужувајќи повеќе цели и поддржувајќи го земјоделскиот раст и јавните проекти во руралните средини. Оваа студија ги истражува европските практики, искуствата од Централна Европа и дава препораки за политика за воведување на земјишно банкарство во Источна Европа и Централна Азија.

2020

Консолидација на земјиште е ефективен инструмент за управување со земјиштето кој овозможува подобрување на структурата на земјоделските стопанства во една земја, зголемувајќи ја нивната економска и социјална ефикасност. Овој правен водич нуди детални законодавни насоки во оснос на воведување и имплементација на консолидација на земјиште, засновани на најдобрите европски практики од Данска, Финска, Германија, Литванија, Холандија, Србија, Шпанија и Турција.

2017

Овој извештај го истражува актуелното прашање за концентрацијата на обработливо земјиште во Европа, анализирајќи го неговото влијание врз земјоделството и општеството. Разоткривајќи ги причините за неговиот подем, ги претставува и предизвиците. Потенцирајќи ја важноста за обезбедување пристап на земјоделците до земјиште, оваа публикација се залага за правични и одржливи земјоделски практики, со цел да се поттикне инклузивен и отпорен европски земјоделски сектор.

Оваа веб-страница е финансирана од Европската Унија. Неговата содржина е единствена одговорност на ФАО и не мора да ги одразува ставовите на Европската унија.

Имплементатор
Resource partners
Надлежна институција
Релевантни линкови
Контакти

ФАО Северна Македонија
Владимир Христов
Национален тим лидер
[email protected];

[email protected]
Тел. +389 (0)2 3220 888

 

Делегација на Европска унија
Маргарита Делева

Програмски менаџер за земјоделство и рурален развој
[email protected]
Tел: +389 (0)2 3248 580 

 

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Кирил Георгиевски

Раководител на Сектор за консолидација на земјоделско земјиште, размена и идентификација на земјишни парцели
[email protected]
Teл: +389 (0)2 3134 477

(лок. 109)