Унапредување на консолидацијата на земјиште во Северна Македонија

card alt EU logo

Воведување на Националната програма за консолидација на земјиштето (МАИНЛАНД)

Основата за новиот проект „Унапредување на консолидацијата на земјиштето во Северна Македонија“ беше поставена преку проектот финансиран од Европската Унија, насловен Воведување на Националната програма за консолидација на земјиштето“ (МАИНЛАНД). Кофинансиран и имплементиран од ФАО, проектот МАИНЛАНД успешно се спроведе во периодот март 2017 - ноември 2022 година, поддржувајќи го Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во решавањето на предизвиците со прекумерната расцепканост на земјоделското земјиште, малите земјоделски стопанства и недостатокот на неопходна земјоделска инфраструктура преку консолидација на земјиштето.


Проектот успешно ја поддржа имплементацијата на Националната програма за консолидација на земјиште преку подобрување на правната рамка за консолидација на земјиштето, подготовка на процедури за секоја фаза од постапките за консолидација на земјиште, подигање на јавната свест, развој на капацитети и воспоставување алатки за мониторинг на придобивките од спроведените консолидациони постапки. Овие активности доведоа до успешна имплементација на првиот циклус консолидациони постапки на терен, и зајакнување на националните капацитети за самостојна имплементација на Националната програма за консолидација на земјиште во иднина.

Надоврзувајќи се на основата поставена од МАИНЛАНД, ЕУ и ФАО заеднички го започнаа следниот проект „Унапредување на консолидацијата на земјиштето во Северна Македонија“ кој се спроведува од август 2022 година до јануари 2026 година.

 

Влијание на проектот

Преку проектот МАИНЛАНД, земјата постигна значително намалување на бројот на земјишни парцели и зголемување на нивната просечна големина, со што стана лидер во консолидацијата на земјиштето во регионот на Западен Балкан и Источна Европа.

 

Изготвени се девет планови за распределба на земјоделското земјиште, при што вкупниот број на парцели беше намален од 8.237 на 3.344 (просечно намалување од 59 проценти).

 

Од овие активности имаа бенефит околу 6.200 земјоделци, од кои 2.550 во девет консолидациони подрачја добија подобрена структура на земјоделското земјиште, намалена расцепканост на парцелите и подобар пристап до земјоделската инфраструктура, вклучително 630 жени. Општините во овие подрачја, исто така, имаа корист од подобрената земјоделска инфраструктура и подобрувањето на условите за живот во руралните заедници.


Консолидациони подрачја на МАИНЛАНД - пред и по консолидација на земјиштето

Детали за МАИНЛАНД:

Проектни кодови:

  • GCP/MCD/002/EC
  • TCP/MCD/3603/C2
  • TCP/MCD/3801

Буџет на проектот

  • ЕУР 2 860 000

Ресурсни партнери:

  • Европска унија (ЕУР 2 500 000)
  • ФАО (ЕУР 360 000) 

Времетраење: Март 2017 - ноември 2022

Територија: Северна Македонија

Related links
Одбележување на резултатите на MAINLAND и започнување на нов ЕУ-ФАО проект за консолидација на земјиште