Унапредување на консолидацијата на земјиште во Северна Македонија

card alt EU logo

Публикации

Преглед на публикации релевантни за консолидацијата на земјиште, со придонес од овој проект финансиран од ЕУ, претходната работа во рамките на ЕУ-ФАО проектот МАИНЛАНД, како и независни публикации од ЕУ или ФАО.

18/12/2023

Генерички магистерски курикулум за консолидација на земјиштето и земјишно банкарство“ е клучна алатка за развој на капацитети и едукација на сегашни и идни професионалци во управувањето со земјиштето. Курикулумот нуди структурирана програма и ресурси за специјализација во оваа област. Како дел од иницијатива на ФАО, ги анализира програмите на 14 европски универзитети за да одговори на потребата од напредни вештини за консолидација во шест држави.

01/08/2023

Оваа публикација ги презентира научените лекции од спроведувањето на програмата за консолидација на земјиштето во Северна Македонија во периодот од 2014 до 2023 година. Целта е да се споделат овие искуства со надеж дека ќе бидат корисни за други земји во Европа, Централна Азија и пошироко, особено во контекст на слични иницијативи за управување со земјиштето, како што се консолидација на земјиштето и земјишно банкарство.

30/06/2023

Ова е општ информативен леток кој содржи клучни факти и информации за проектот „Унапредување на консолидацијата на земјиштето во Северна Македонија“.

01/03/2023

Овој извештај, спроведен во рамките на Проектот за техничка соработка на ФАО „Поддршка за развој на пазарите на земјоделско земјиште за враќање на напуштеното земјиште во производство“ во Северна Македонија, го истражува напуштањето на земјоделското земјиште во контекст на расцепканоста на земјиштето и динамиката на пазарот на земјиште. Извештајот нуди препораки за политики со цел да се поттикнат дополнителни активности за ефикасно решавање на ова итно прашање во македонскиот земјоделски сектор.

12/09/2022

Повеќенаменските инструменти за консолидација на земјиште имаат значителен потенцијал во земјите од Источна Европа, овозможувајќи користење на земјиштето не само за развој на земјоделството, туку и за проекти со други јавни цели како обновување на природата, подобрување на животната средина, прилагодување и ублажување на климатските промени. Овој труд ги истражува искуствата од Западна и Источна Европа со повеќенаменската консолидација на земјиштето.

01/03/2022

Земјишното банкарство во Западна Европа го поддржува земјоделството и руралниот развој, во насока на решавање на структурните проблеми со земјиштето. Овој инструмент е усогласен со консолидацијата на земјиштето, опслужувајќи повеќе цели и поддржувајќи го земјоделскиот раст и јавните проекти во руралните средини. Оваа студија ги истражува европските практики, искуствата од Централна Европа и дава препораки за политика за воведување на земјишно банкарство во Источна Европа и Централна Азија.

01/07/2021

Овој правен краток преглед го објаснува концептот на консолидација на земјиштето, дава релевантни препораки за политики и, особено, ја посочува потребната законска и регулаторна рамка за ефикасни програми за консолидација на земјиштето. Краткиот преглед го сумира Правниот водич на ФАО за консолидација на земјиштето, заснован на регулаторните практики во Европа, како и на релевантните искуства на ФАО и меѓународните организации.

06/06/2021

Оваа публикација е технички извештај на Заедничкиот истражувачки центар при научната служба на Европската комисија. Обезбедува клучни научни сознанија за креирање на политиките на ЕУ. Анализира 24 различни мерки во 22 земји-членки, опфаќајќи заштита на закупците и сопствениците на земјиште, мерки за справување со расцепканоста на земјиште, итн, откривајќи значајни регулаторни варијации на пазарот на земјоделско земјиште во Европа.

01/12/2020

Оваа студија го анализира напуштањето на земјиштето во ЕУ, истражувајќи ги неговите последици и опциите за ублажување. Претставува историски трендови, тековната состојба и проекции до 2030 година. Преку истражување и студии на случај, предлага активности за ублажување во рамките на Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) на ЕУ. Студијата, исто така, разгледува сценарија што ги вклучуваат климатските промени, глобализацијата и влијанието на големи здравствени кризи врз користењето на земјиштето.

01/03/2020

Консолидација на земјиште е ефективен инструмент за управување со земјиштето кој овозможува подобрување на структурата на земјоделските стопанства во една земја, зголемувајќи ја нивната економска и социјална ефикасност. Овој правен водич нуди детални законодавни насоки во оснос на воведување и имплементација на консолидација на земјиште, засновани на најдобрите европски практики од Данска, Финска, Германија, Литванија, Холандија, Србија, Шпанија и Турција.

01/05/2019

Државите во регионот на Европа и Централна Азија ја препознаа потребата за решавање на структурните проблеми со фрагментацијата на земјиштето, кои го попречуваат земјоделството и руралниот развој. Ова доведе до воведување инструменти за управување со земјиштето, како што се консолидација на земјиштето и земјишно банкарство. Од 2002 година, ФАО ги поддржува земјите-членки во регионот да воспостават и операционализираат национални програми за консолидација на земјиштето.

30/03/2017

Овој извештај го истражува актуелното прашање за концентрацијата на обработливо земјиште во Европа, анализирајќи го неговото влијание врз земјоделството и општеството. Разоткривајќи ги причините за неговиот подем, ги претставува и предизвиците. Потенцирајќи ја важноста за обезбедување пристап на земјоделците до земјиште, оваа публикација се залага за правични и одржливи земјоделски практики, со цел да се поттикне инклузивен и отпорен европски земјоделски сектор.

01/01/2015

Овој труд ги разгледува искуствата од воведувањето на консолидација на земјиштето и земјишното банкарство во Централна и Источна Европа за решавање на структурните проблеми со расцепканоста на земјиштето. Воведувањето на консолидацијата е различно во секоја држава, при што некои имаат воспоставено целосно оперативни национални програми, а други се во различни фази од процесот. Трудот ги оценува движечките фактори и пристапите што се користат во поединечни земји.

01/06/2008

Оваа публикација го истражува влијанието на напуштањето на обработливото земјиште врз искористената земјоделска површина во земјите-членки на ЕУ во текот на три децении. Со фокус на причините и критериумите за ризик, студијата ја тестира методологијата во клучни земјоделски земји и различни тест-региони. Предлага подобрени методологии и индикатори за ризик, со цел да ги информира политиките во рамките на Заедничката земјоделска политика на ЕУ.

01/01/2003

Оваа Студија на ФАО нуди концизни сознанија за сложената област на владението на земјиштето и неговата улога во промовирање на одржлив рурален развој, со цел намалување на сиромаштијата и гладот. Овој сеопфатен водич обезбедува стручни совети, опремувајќи ги земјите со препораки за развој на пилот-проекти за консолидација на земјиштето, со цел да се поттикне потенцијалот за понатамошни активности за подобрување на конкурентноста на земјоделството и поттикнување на руралниот развој.