Информации за проектот
Овој проект се фокусира на натамошно унапредување на политиките за консолидација на земјиштето, како и на проширување на конкретните интервенции на терен, под водство на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
Основна цел
Основна цел на проектот „Унапредување на консолидацијата на земјиштето во Северна Македонија“ е да го поддржи МЗШВ во понатамошно унапредување на консолидацијата на земјиштето во Северна Македонија. Ова вклучува подобрување на националната политика, институционалната и регулаторната рамка во врска со консолидацијата на земјиштето. Проектот ќе ја поддржи имплементацијата на Националната Програма за консолидација на земјиштето преку реализација на консолидациони постапки во Дабјани (Општина Долнени) и Чифлик (Општина Чешиново-Облешево), кои ќе опфатат и изградба на земјоделска инфраструктура.
Очекувани резултати
Проектот ја поддржува Националната стратегија за земјоделство и рурален развој на Северна Македонија 2021 – 2027 година, преку:
- Зголемување на конкурентноста на земјоделскиот сектор;
- Засилување на економската стабилност;
- Зголемување на приходите од земјоделството и условите за живот во руралните средини;
- Намалување на површината на напуштено земјиште;
- Одржливо управувањето со природните ресурси.
Додадена вредност
Проектот носи дополнителна вредност преку креирање на позитивни промени, како на локално ниво, така и за пошироката заедница. Клучни придобивки се:
- Поголема земјоделската ефикасност: Подобрената структура на земјоделското земјиште овозможува поголема ефикасност и продуктивност на земјоделското производство.
- Развој на пазарот на земјоделско земјиште: Формализирање на трансакциите со земјиште и ажурирање на податоците за сопственост, што води кон поефикасен и правичен пазар на земјоделско земјиште и сигурност врз сопственоста на земјиштето.
- Модернизирање на земјоделската инфраструктура: Подобри пристапни патишта до нивите, системи за наводнување и одводнување, согласно локалните потреби. Ова придонесува враќање на напуштенотото земјоделско земјиште во функција, како и примена на одржливи земјоделски практики.
- Подобрување на условите за живот во руралните средини: Поголем потенцијал на руралните средини, можности за нови инвестиции и подобри услови за живот и работа, особено за младите земјоделци.
- Родова еднаквост: Во процесот на консолидација на земјиштето, правата на окрупнетото земјиште се регистрира на име на двајцата сопружници, што ја зајакнува економската положба на жените.
СЕВКУПЕН РЕЗУЛТАТ ОД ПОДДРШКАТА НА ЕУ И ФАО ЗА КОНСОЛИДАЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ЗЕМЈИШТЕ 2017-2026 Г.
ДЕТАЛИ ЗА ПРОЕКТОТ
Проектни кодови:
- GCP/MCD/008/EC
- TCP/MCD/3901
Буџет:
- ЕУР 1 000 000 (Европска унија)
- ЕУР 200 000 (ФАО)
Времетраење на проектот:
- Август 2022 - јануари 2026
Ресурсни партнери:
Имплементатор:
Надлежна институција:
Главни корисници:
• Сопственици на земјоделско земјиште и земјоделци
• Вработени во МЗШВ
Клучни чинители:
• Агенција за Катастар на недвижности
• Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството
• Локална самоуправа
• Организации на земјоделци