Унапредување на консолидацијата на земјиште во Северна Македонија

card alt EU logo

Проектот го поддржува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за понатамошно унапредување на националната политика за консолидација на земјиштето, вклучително стратешката, правната и институционалната рамка, а врз основа на резултатите постигнати во претходниот стратешки период и проектот МАИНЛАНД. 

Ова вклучува подобрување на националната правна рамка за консолидација на земјиштето, развој на нова Национална стратегија за консолидација на земјиштето за 2024-2034 година и Акционен план и формирање на Постојана советодавна група. 

Активностите се главно во следните области: 

  • Проширување на целите на консолидација на земјиштето: Зголемување на опсегот на инструментот консолидација на земјиште со други пошироки цели. Во 2023 година беше изготвен документ во кој се анализира потенцијалот за повеќенаменска консолидација на земјиштето во Северна Македонија. Во него се претставени опциите и дадени се препораки за проширување на традиционалниот фокус на консолидација на земјиштето - развој на земјоделството, со други цели како што се обновување на природата, подобрена животна средина, адаптација и ублажување на климатските промени или изградба на инфраструктура од големи размери.
  • Поедноставување на процедурите: Со рационализирање на административните и оперативните процеси за консолидација на земјиштето, ќе стане полесно и поефикасно за засегнатите страни да учествуваат и да имаат корист од консолидационите проекти.
  • Интегрирање на управувањето со земјиштето: Воспоставување на интегрирана политика за управување со земјиштето со ефективно поврзување на различни инструменти за управување со земјиште. Ова вклучува активно управување со државното земјоделско земјиште, обезбедување на негова оптимална употреба во поширокиот контекст на руралниот развој, програмите за поддршка на руралниот развој и напорите за консолидација на земјиштето.
  • Формирање на Постојана советодавна група (ПСГ) за консолидација на земјиште. Примарната цел на ПСГ е дискутирање на научените лекции од веќе спроведените постапки за консолидација на земјиштето и приоритизирање на целите во новата Национална стратегија за консолидација на земјиштето за 2024-2034 година. Со претставници од различни релевантни чинители од јавниот и приватниот сектор, ПСГ служи како механизам за обезбедување на долгорочна одржливост на Националната програма за консолидација на земјиштето.
  • Развој на нова Национална стратегија за консолидација на земјиштето за периодот 2024-2034 година и Акционен план, во инклузивен и транспарентен процес. Стратегијата ќе биде поврзана со целокупниот контекст за рурален развој и програмите за поддршка.